Трудо: Фокусот на Британија кон Брегзит го подрива водството на меѓународната сцена

16

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави денеска дека британската фокусираност на Брегзит го подрива водството на таа земја во глобалните прашања.

– Ги гледаме нестабилноста и предизвиците низ кои и натаму минува Велика Британија, затрупана со овој проблем, изјави Трудо од кого беше побаран коментар за одлуката на британскиот Врховен суд дека суспензијата на Парламентот била нелегална.

– Секако жалиме што ова прашање толку многу ги ангажира што се меша во нивната способност да предводат многу нешта за кои лидерството на Велика Британија во светот е толку неопходно, истакна канадскиот премиер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.