Трудовите инспектори во контрола дали работници работат на топлото време

Трудовите инспектори на 24 и 25 јуни, направиле 95 инспекциски надзори по градилиштата за да проверат дали се почитуват препораките на Владата за работа во време на „портокалова фаза“. При ваквите конторли се изречени 23 решенија со наредба, изречени се 14 забрани за работа на отворен простор и врачени се 6 прекршочни платни налози за вработени.

Од ДТИ објаснуваат дека решенијата со наредба укажуваат на тоа дека работодавачите треба да ги применат препораките на Владата, а тоа е да ги прекинат активностите кои се одвиваат на отворен простор со директа изложеност на работниците на топлотниот бран (сонце), реорганизација на работното време, односно тоа да почне (порано сабајле со прекинување на активностите во периодот од 11 до 17 часот, како и продолжување на активностите по 17 часот, обезбедување на работниците со течности (најдобро вода), обезбедување на засолништа под сенка и обезбедување на работниците со лична заштитна опрема за заштита од изложеност на сонце.

За работодавачите кои не попстапиле по издадените решенија со наредба, а кои се во согласност со препораките на Владата, издадени се забрани за работа на отворенен простор, а 6 вработени пак, „заработиле“ прекршочни платни налози за неносење на лична заштитна опрема која ја обезбедил работодавачот.