Трулеж на системот

Кога во 2019/2020 година, преку мојата книга Трулежот на системот, го илустрирав правниот систем во Македонија, со кој сакав да го покажам нашиот македонски правен систем, моите лични доживувања, патешествија и мојата Донкихотовска борба, борба Давидова за правда и правна држава, од позиција на државен просветен инспектор, со кој барав спроведување на законитоста, примена на законите и нивна имплементација во правниот систем во македонското општество, тогаш напишав: „ Јас нема да го исмевам системот. Тој сам по себе е смешен. Но сакам да ја покажам трагикомичноста на целиот систем, или поточно изигрувањето на правото од страна на институциите чија обврска е да го спроведуваат и почитуваат. Како што би рекле драматурзите траги-комичен.

За жал, тоа мора да го констатирам во мојава Македонија каде што живеам. Едноставно, искуството ме тера да се чувствувам како да не живеам во своја родна држава, па дури и како Македонец. Причините за тоа се: невладеење на правото и не функционирање на правниот систем, нееднаков третман во општеството, партизираните институции, корумпираноста, криминалот и непотизмот на секој чекор. Се чини, законите постојат формално, но практично не се применуваат. Извршната власт се меша во законодавната и судската власт. Во македонскиот правен систем практично функционира само една власт – Извршната на чело со еден човeк, но таа делува во име на трите власти. Едноставно по принципот три во едно. Тoа го покажува практиката…“

И она што сум го пишувал во периодот 2019/2020 година, моето пишување е продолжува и е актуелно и ден денес. Продолжува хибридниот криминален и корумпиран систем на нефункционални, партизирани државни министерства, институции, агенции, владини комисии на оваа влада на ДУИ-СДС. Како што напишав во предходната колумна потребен е РЕМОНТ на ИНСТИТУЦИИТЕ. Но ремонт може да има со нови луѓе. Затоа се потребни предвремени избори.

Сведоци сме на разни скандали, афери на функционери и институции. Невидена економска сиромаштија. Двоцифрена инфлација….Ќе се обидам да истакнам една десетинка од актуелни скандали, неможам да ги истакнам сите скандали затоа што тие се менуваат од час на час. Но ќе искажам некои. Па така, скандалозно е да се слуша т.н министер за образование и наука Јетон Шаќири, каде што отворено лаже дека ќе почне учебната година со учебници за учениците во основните и средните училишта. Веќе помина првото тромесечие, за еден месец доаѓа првото полугодие од учебната 2022/2023 година, учениците немаат учебници. Ова е невиден ОБРАЗОВЕН СКАНДАЛ, во нормална држава веднаш треба да си поднесе неотповиклива оставка. И што бидна од овој т.н.министер за образование и наука, кој нема образ и морал, кој е незаконски унапреден во наставно-научно звање доцент со ненострифицирана докторска кој завршил во Албанија. И тоа на оној струшкиот т.н. универзитет на Рамиз Мерко. Но одговорност нема!

Истиот овој министер по некакви „преставки“ формира комисија за преиспитување на учебникот по Географија за седмо одделение. Треба да прави „ремонт“ на учебникот, по препорака на Артан Груби и Османи? Наместо на овие да им се испитаат докторските дипломи, тие бараат преиспитување на учебници. Катастрофа. И овој министер за образование тоа го прави нетранспарентно и далеку од очите на академската фела и институции кои се занимаваат од областа на науката, поконкретно, подалеку од авторите на учебникот. Наместо министерот за образование да се позанимава со образовните криминали на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, каде се констатирани над 20 незаконски унапредувања на наставно-научни и соработнички звања. Или со скандалот каде што мајката член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекрошна постапка ја брани ќерката вработена на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје, односно ЕДИНА ВИНЦА (асистент-докторанд) ќерка на НЕЖДЕТ ВИНЦА (дипломиран електроинжињер од Струга) член на Државната комисија за одучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Каде отворено има судир на интереси, непотизам, влијание и интереси!!!

Овој министер за образование-без образ, за ова молчи и се обидува да влијае како министер на ДУИ и бара од Државниот просветен инспекторат, да не се чепка на образовните незаконитости на овој универзитет, кој е универзитет и милениче на на ДУИ. За ова се запознати, заменик на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење г-ѓа Славица Грковска, што за овој случа е доставена преставка на ден 07.10.2022 година. Истата е доставена и до ДКСК. До сега нема ништо!? И нема да има. Но ќе ве потсетам. Еден ден ќе мора да сносите одговорност, не само морална, туку и за злоупотреба на службената положба. Тоа и ќе се случи. Да не заборавам Грковска. До каде си со злоупотребата на службено возило на Артан Груби за користење на партиски состаноци на ДУИ во Тетово? Нема ништо! Поведението ти е незадоволително (еден).

Еве, почитувани мои читатели, за жал, институциите во мојата Македонија, се корумпирани, криминални и не се почитуваат законите на повеќе полиња. Нема одговорност ТРУЛЕЖ.

Скандалите продолжуваат. Еве го новиот скандал со огласот на МНАВ-АД за идни контролори. Имено, директорот на МНАВ-АД не сакал да потпише за најдобрите осумина кандидати за идни контролори да почнат школување во Данска. Зошто тројцата членови на управниот одбор Фахрудин Хамиди, Миѓел Селмани и Влатко Крстевски, сакаат да го поништат огласот за контролори на летање кои го направиле експерти од Данска, земја каде што ќе треба да се обучуваат идните македонски контролори на летање. Зошто сакаат, да се поништи огласот од овие тројца „ неранимајковци“? Одговорот е: Само затоа што Албaнците кои положиле не биле од политичката партија на ДУИ. Дали ќе има одговорност, во овој ТРУЛ систем?! НЕ! Но, благодарејќи на гласот на вработените во компанијата и на нивниот синдикат и реакција на јавноста, сепак осумината кандидати ќе продолжат во Данска да се обучуваат. Така треба да се делува во секоја институција. До израз да дојдат компетентни, стручни личности, а не синовите и ќерките на партиските полтрони и паразити.

И само што стивна овој скандал. Еве нов, избеган украински политичар со руско државјанство Олександар Онишченко, под санкции на САД, добил македонско државјанство од страна на македонската влада на 31.мај 2022 година. Кој истиот настапува под македонското знаме на натпревар во коњички скокови во Сен Тропе. Како изгледаме пред меѓународната јавност. Изгледаме како банана држава. Дали за ова ќе има одговорност. „Да ќе има“? Ќе одговара, службата за пасоши и хигиеничарката? Трагикомично е ова. Сега да се живи драмските режисери Љубиша Георгиевски, Горан Стефановски ќе имаа што да пишуваат и да направат добра трагикомедија! Ова е нашиот институционален трулеж.

Пред да преминам на Ислам Абази-новиот избран шеф на организиран криминал во Јавното обвинителство, деновиве има загриженост на учениците и родителите во средните скопски училишта кои се под лажни пријави на бомби во училиштата. И еве го министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за овие непријатни, загрижувачки лажни пријави, во неколку наврати ( по мене несериозни) изјавува: „ дека имаат сознанија од каде се испратени мејловите и дека се работи за хибридни закани“.Ова ми личи како оние со издадени пасоши на меѓународни криминалци и издадени државјанства. Одговорност нема. Каде се службите за безбедност. Тие се во зимски сон! Спасовски поднеси си оставка. Доста е!

А за новиот шеф на организиран криминал Ислам Абази. Министерот за правда Тупанчевски, и слични како него изјавуваат „дека треба да му се даде шанса, нека почне со работата“. Да почна и веднаш е предложен од Советот на јавни обвинители да биде член на управниот одбор на Академијата, таму каде што неговата сопруга треба да финишира со школувањето до крајот на годината. Трагикомичноста е тоа што Ислам Абази, најавува повлекување од член од управниот одбор на Академијата. Зошто бре Исламе, се повлекувате ќе ви забележат луѓето од Зајас, ќе ви се налути Абаз и УЧК!. Да ги потсетам овие „експерти од правото“. Довербата во судството и обвинителствот во Македонија е една ГОЛЕМА НУЛА! Сте брука балканска и европска.

Затоа, нека живее Зајас селото на Ислам Абази и Али Ахмети!. Трулежот на системот, продолжува!
ГОСПОД НАПОМОШ!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес