Труп на млад маж пронајден крај бензинска пумпа

Безживотното тело на починато машко лице било пронајдено во саботата во нива во близина на бензинската пумпа „С – Петрол“ во Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и бил утврден идентитетот на лицето. Починатиот е идентификуван како 21-годишниот  И.А. од гостиварското село Вруток, информираат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.