Тухел останува на клупата на ПСЖ до летото 2021-ва

Иако постоеја соменвања дека 45-годишниот германски фудбалски тренер Томас Тухел ќе остане на клупата на францускиот шампион Пари Сен Жермен, по елиминацијата во осминафиналето од Лигата на шампионите, парискиот глуб во саботата објави дека со Германецот го продолжил договорот до крајот на јуни 2021 година.

Тухел на клупата на ПСЖ во 2018 година го замени Шпанецот Унаи Емери, но во првата сезона не успеа да го надмине својот претходник. Почна со осовојувањето на францускиот Суперкуп, но од другите трофеи го освои само уште домапното првенство. Иако беше супериорен во Ле Шампионат, во последните првенствени кола ги нанижа повеќето од петте порази и четири ремија сезонава. Кон крајот на сезоната ПСЖ не успеа да го освои и францускиот Куп, беше поразен на пенало од Рен иако водеше со 2:0.

ПСЖ потклекна уште во првото елиминациско коло од Лигата на шампионите, и покрај тоа што во првиот меч против Манчестер Јунајтедкако гостин создаде предност од 2:0, но Јунајтед во реваншот во Париз победи со 3:1, со што францускиот првак остави зад себе уште една неуспешна сезона во најелитното фудбалско натпреварување на континентот.

„Извонредно сум среќен поради продолжувањето на договорот и верноста на ПСЖ. Им се заблагодарувам на претседателот и на водството на клубот за укажаната доверба. Осбено ме трогна поддршката од навивачите и убеден сум дека најдобриот период за нашиот клуб допрва претстои“, изјави Тухел.