Тухел: Солскјаер е добар доктор, го излечи Јунајтед

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел го спореди својот колега од Манчестер Јунајтед со доктор излекувал болен човек.

Двата тима ќе се сретнат на „Олд Трафорд” вечерва во првиот натпревар од 1/8-финалето на Лигата на шампионите.

Оле Гунар Солскјаер го замени Жозе Мурињо во декември и под негово раководство тимот се преобрази, откако влезе во импресивна серија од 10 победи и едно реми.

Тухел исто така е импресиониран од напредокот на Јунајтед и бара варијанти во одбраната, за да издржи притисокот на Пол Погба, Рашфорд и Марсиал.

Промената е очигледна за сите. Како што велат во Германија, ако еден доктор те  излекувал, значи бил во право. Ако болката е поминала, тој си ја завршил работата. Оле нижи победи на многу натпревари и тоа создава впечаток. Тој беше одличен играч, а сега ги победува и како тренер, вели Тухел.

Ситуацијата во Јунајтед драматично се промени – сега тие играат со доверба, постигна многу голови, рано го откриваат резултатот. Нивната серија импресионира и да играш на „Олд Трафорд” сега е едно од најтешките можни искушенија. Од моментот на ждребката сѐ се промени, додаде германскиот тренер на ПСЖ.

Не знам дали сега е моментот да се откажеме од сопствениот стил на игра. Играме напаѓачки фудбал, тоа е во нашето ДНК. Очекувам Јунајтед да биде храбар и да биде активен со многу играчи во офанзива. Треба да бидеме на ниво на играта, коментира Тухел.