Туларемијата се шири, вкупно 23 заразени

Четири нови случаи на туламерија денеска се потврдени, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 23 заразени.

Покрај Лозово, Каратманово, Коселери, Опае, Арачиново и Грушино, болеста се појави и во Мојанци. Министерот за здравство, Никола Тодоров, придружуван од членови на Комисијата за заразни болести го посети Каратманово откако вчера беше прогласена епидемија на туларемија во ова подрачје. Тодоров разговараше со жителите притоа информирајќи ги за мерките што ги преземаат здравствените власти.

Од Комисијата ја оставија отворена можноста деновиве да прогласат епидемија и во Арачиново.