Тунберг вели дека светските лидери во Давос останале „глуви“ на повиците за промени

23

Шведската активистка Грета Тунберг, која присуствуваше и зборуваше на настаните на Светскиот економски форум во швајцарското одморалиште Давос, рече дека нејзините повици за намалување на зависноста на светот од фосилни горива се игнорирани.

– Имавме неколку барања. Се разбира, овие барања беа целосно игнорирани. Не очекувавме ништо друго, рече таа пред новинарите на последниот ден од конференцијата.

Претходно, таа доби критики од американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја нарече „пророк на Судниот ден“ и неговиот секретар за финансии, Стивен Мнучин, кој ја повика да „студира економија“ пред да поставува вакви барања. Прашана за коментар за по изјавата на министерот, Тунберг рече дека не ја интересира тоа.

– Ако бевме заинтересирани за вакви работи, не би можеле да го направиме она што го правиме сега, рече таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.