Турбината за Северен тек 1 сѐ уште е во Германија

Гасната турбина неопходна за функционирање со целосен капацитет на гасоводот Северен тек 1 со кој рускиот гас се испорачува во Германија и Европа, сѐ уште се наоѓа во Германија и канцеларот Олаф Шолц има намера да ја прегледа, објави во вторникот телевизијата NTV.

Според информациите на телевизијата, канцеларот Шолц во среда ќе ги посети погоните на компанијата „Siemens Energy“ во градот Милјхам на Рур каде што се наоѓа турбината, заедно со извршниот директор на компанијата Кристијан Брух.

Од компанијата ја потврдиле најавената посета на канцеларот, кој ќе ја прегледа турбината од гасоводот Северен тек 1 ремонтирана во Канада, и која е подготвена за транспорт во Русија.

Непознато е зошто досега турбината не е му е предадена на рускиот енергетски гигант „Газпром“, туку е во погоните во сојузната германска покраина Северна Рајна-Вествфалија.

За посетата на Шолц и прегледувањето на турбината објави и агенцијата Reuters.

„Тој (канцеларот Олаф Шолц) заедно со нашиот извршен директор Кристијан Брух ќе ја прегледа турбината ремонтирана во Канада за гасоводот Северен тек, којашто е подготвена за натамошен транспорт во Русија“, се вели во писмениот одговор на „Siemens Energy“ за агенцијата Reuters.

Рускиот државен гасен гигант „Газпром“ објави дека протокот на гасот ќе падне на 33 милиони кубни метри гас дневно, што значи дека моменталното веќе намаленото ниво на снабдување може и да биде преполовено.

Компанијата појасни, дека во согласност со упатствата на агенцијата за надзор, работата на гасната турбина на компресорската станица морало да биде запрена. Од „Газпром“, исто така, сѐ уште ја очекуваат дека испораката на турбината од Канада, каде што во своите тамошни погони компанијата „Siemens Energy“. Германската компанија, инаку, дури ноќта кон понеделникот на „Газпром“ му ја предала неопходната документација за турбината.

Од 27-ми јули, руски „Газпром“ ја намали испораката преку Северен тек 1 за дополнителни 20 отсто од максималната моќност, поради исклучување на две гасни турбини поради редовен годишен ремонт поради небезбедност, кои се препратени во погоните на „Siemens Energy“ во Монтреал. Првично Канада поради санкциите против Русија одбиваше да ја испорача турбината, но по долги преговори со Берлин се согласи на Германија да ѝ ја предаде ремонтиранта гасна турбина.

Русија инсистираше дека турбините мора да се вратат според договорите, пред да може да го зголеми протокот по неколкуте седмици значително намалување. „Газпром“ од јуни ги намали испораките за 60 отсто, обвинувајќи го за тоа невраќањето на турбините, а Берлин тоа го нарече без аргументи „политичка“ одлука. Берлин и Брисел, пак, обвинуваа дека станува збор за одмазда на Русија поради санкциите воведени од страна на Европската унија.

Овие намалувања посредно влијаеја на снабдувањето со гас во многу земји членки на Европската унија, особено Полска и Бугарија коишто одбија како повеќето западни членки рускиот гас да го плаќаат според новата шема со конвертирања во рубљи. Складиште за гас во Европа се полупразни, а владите настојуваат да ги пополнат пред настапувањето на есента и зимата.