Турција ја предупредува Европа за нов бран бегалци

30

Европа може да се соочи со нов бран бегалци доколку не посвети внимание на предупредувањата на Турција за ситуацијата во сириската провинција Идлиб, изјави портпаролот на Партијата за правда и развој (АКП) Омер Челик, пренесе Анадолија.

– Ако не се земат предвид предупредувањата на Турција, раселувањето на бегалците во голема мерка ќе влијае на Европа, рече Челик.

Шестмина турски војници беа убиени во понеделникот во Идлиб од сириските владини сили поддржани од Русија.

Како што пренесуваат странските агенции, тое се смета како најголем предизвик за договорот за деескалација од 2019 година.

Нападите на сирискиот претседател Башар ал Асад принудија околу 40.000 цивили да ги напуштат своите домови во Идлиб во последните неколку дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.