Турција ја смета контроверзна заканата со санкции од ЕУ и бара дијалог

Турција во петокот порача дека е контроверзно предупредувањето на Европската унија за воведување нови санкции против Анкара поради спорот со Грција околу енергетските ресурси во источен Медитеран.

Ставовите на ЕУ „служат за да се задоволи грчката страна“, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на заедничката прес-конференција во Рим со италијанскиот колега Луиџи Ди Мајо.

Претходно во петокот челниците на 27-те земји членки на ЕУ одлучија дека засега нема да воведат нови санкции за Турција, но ја предупредија кон Анкара дека тие би можеле веднаш да бидат воведени доколку се прекрши меѓународниот закон за истражување на наоѓалишта на гас во Средоземното Море што предизвика тензии во односите со Грција.

Оваа „прикриена закана“ на ЕУ не придонесува за попуштање, рече Чавушоглу и изрази разочарување од тоа што Унијата не понудила „конкретни“ чекори за ажурирање на договорите на двете страни за миграциите, договорот за царинската унија или либерализација на визниот режим.

Анкара сѐ уште е подготвена да соработува со ЕУ „под соодветени услови“, реле Чавушоглу повикувајќи го Брисел да биде „искрен“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, рече по состанокот на челниците на 27-те земји членки на ЕУ би можеле да воведат санкции за Анкара, доколку турските „провокации и притисоци“ продолжат во источен Медитеран.

„Сакаме позитивен и конструктивен однос со Турција, а ова исто така би било од интерес за Анкара“, изјави фон дер Лејен на прес-конференцијата во Брисел.

Грција, којашто бараше воведување санкции против Турција, „целосно е задоволна“ со заклучоците на самитот, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Грција и Турција се спорат околу територијалните води чииште подморја се богати со енергенси, а тензиите нараснаа откако Анкара пред неколку седмици испрати истражувачки брод во спорниот дел од Медитеранот во придружба на воените бродови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.