Турција ја уапси постарата сестра на ал-Багдади

Турските власти ја уапсиле повозрасната сестра на ликвидираниот водач на ултрарадикалната групација Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, заедно со нејзиното семејство, тврдат истовремено ноќта кон вторникот американската агенција Associated Press и британската Reuters, повикувајќи се на неименуван висок турски функционер, кој апсењето го опишал како „разузнавачки златен рудник“.

Според агенциите, 65-годишната Расмија Авад (Rasmiya Awad) била приведена доцна вечерта во понеделникот во градот Азаз во северната сириска покраина Алепо. Изворот на агенцијата AP, рекол дека Авад е осомничена за поврзаноста со џихадистичката мрежа. Но притоа не образложил поединости.

„Расмија Авад беше заробена во претрес на контејнер во близина на Азаз. Се надеваме дека од сестрата на ал-Багдади ќе прибереме докази за внатрешните работи на Исламската држава“, рекол соговорникот на Reuters.

Авад била приведена во приколка во којашто живеела со семејството во делот од покраината Алепо, кој е под контрола на турските сили по нивната инвазија во североисточна Сирија од 9-ти октомври.

Турскиот функционер рекол дека сестрата на ал-Багдади била откриена со нејзниот сопруг, снаата и пет деца. Возрасните се сослушуваат, рекол соговорникот кој зборувал под услов на анонимноста во согласно протоколите на владата.

„Ова претставува златен рудник за разузнавањето. Тоа што таа го знае за Исламската држава може значитело да го прошири нашето знање за групација и да ни помогне да фатиме уште повеќе негативци“, рекол соговорникот.