Турција донира 50.000 маски и по 1.000 скафандери и тестови

Владата на својата седница го утврди текстот на договорот меѓу Македонија и Турција за донација на медицинска опрема и средства наменета за здравствениот сектор, информира владата.

Донацијата од Турција  се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери и 1000 дијагностички тестови.