Турција ги изнесе барањата за приемот на Финска и Шведска во НАТО

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу порача во неделата дека Финска и Шведска мора да престанат да ги поддржуваат терористичките организации во своите земји, да дадат јасни безбедносни гаранции и да ја укинат забраната за извозот во Турција, доколку сакаат Анкара да го поддржи нивното пристапување на НАТО.

Зборувајќи по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на членките НАТО во Берлин, Чавушоглу рече дека се сретнал со своите шведски и фински колеги и дека сите настојувале да одговорат на турската загриженост.

Шефот на турската делегација додаде дека Турција никому не му се заканува, ниту ја користи постојната ситуација, но особено посочи на шведската поддршка на курдската сепаратистичка милитанта организација Работничка партија на Курдистан (PKK) која е забранета во земјата но и ставена на листата терористички организации и на Европската унија и САД, а Анкара често протестира на тоа што курдските активисти слободно престојуваат и се организираат особено во нордиските земји.

Финска и Шведска на почетокот од април, во заднината на руската офанзива во Украина, се интензивираа повиците и иницијативите Финска и Шведска по децениската воена неутралност и добри односи со Русија да побараат членство во НАТО, што е поддржано во прв ред од САД. Мнозинството членови на финскиот парламент го поддржаа пристапувањето на земјата, додека владејачката Социјалдемократска лабуристичка партија на Шведска, во која има поделби по ова прашање, одлуката за влез во НАТО ја донесем исто така во неделата.

Меѓутоа, згриженоста на Турција може да претставува пречка, имајќи предвид дека секоја одлука за проширувањето на НАТО бара едногласно одобрување од сите 30 земји членки.

„Тука апсолутно мора да постојат безбедносни гаранции. Мора да престанат да ги поддржуваат терористичките организации“, рече Чавушоглу за турските новинари во Берлин.

Шефот на турската дипломатија додаде и дека Шведска и Финска мора и да ја укинат забраната за извоз на некои производи од својата воена индустрија за Турција.

„Нашиот став е отворен и јасен. Ова не е закана, ова не се преговори во коишто се обидуваме да ги наметнеме своите интереси. Ова, исто така, не е популизам. Тука очигледно станува збор за поддршката на две потенцијални држави членки на тероризмот, а ги споделивме нашите јасни забелешки за тоа“, рече уште Чавушоглу.

Официјална Анкара не ја смета за позитивен развојот на настаните и можноста Финска и Шведска да пристапат во НАТО, изјави во петокот за новинарите турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган чијашто земја е значаен чинител на Северноатлантскиот воен сојуз.

„Го следиме развојот на ситуацијата со Финска и со Шведска, но немаме позитивно мислење (за нивното членство). Скандинавските земји се ‘сигурна куќа’ за терористичките организации“, истакна Ердоган во петокот, но во саботата неговиот портпарол рече дека Турција „не ја затворила вратата“.

Водечкиот турски дипломат рече и дека разговорите со шведскиот и финскиот колеги биле добри и дека дале предлози за ублажување на легитимните загрижености коишто Турција ќе ги разгледа. Напомна дека им пружил докази дека терористите живеат во нивните земји. Чавушоглу повторно укажа на шведското непочитување на позициите на Анкара и истакна дека токму овој викенд во Стокхолм се одржувале состаноци на челниците на PKK.

Чавушоглу во Берлин повторни дека Турција, којашто му се придружи на НАТО пред 70 години, не се спротиставува на „политиката на отворени врати“, со којашто всушност Алијансата ја опкружува Русија, а веројатно имајќи ги предвид повиците од Лондон за „потребата од создавање глобално НАТО“, следните стратегии се движењето кон Кина, коишто САД, следствено и нивните западни сојузници, ги сметаат за главни непријатели.