Турција ги отфрли критиките од ОН во врска со Кипар

52
Вароша, Северен Кипар

Турција ја отфрли во петокот осудата на Советот за безбедност при Обединетите нации за поддршката на Анкара за поделба на медитеранскиот остров Кипар и нејзините планови за повторно отворање на еден од крајбрежниот град испразент од автохтоното население кипарските Грци.

„Ја отфрламе декларацијата на Советот за безбедност при ОН во врска со планот за повторното отворање на летувалиштетот Вароша, како и изјавите на разни земји кои се темелат на неоправданите брања кои не се во согласност со стварноста на островот“, порача турското министерство за надворешни работи во соопштение за јавноста и додаде дека повеќето десетици години напори не овозможиле постигнување федерален статус на островот Кипар поради „непопустливите ставово на кипарско-грчката администрација“.

Медитеранскиот остров е поделен во 1974 година, кога Турција на северот од Кипар распореди десетици илјади војници по инвазијата таа година, по дражавниот удар на грчката воена хунта којашто тогаш беше на власт во Атина. Сега егзистираат две етнички заедници, на југот грчката во Република Кипар која е членка на Европската унија, и турската во Турската Република Северен Кипар, самопрогласена во 1983 година, којашто ја признава само Турција.

Советот за безбедност при ОН во петокот едногласно ја прифати декларацијата за решавање на купарското прашање „темелена на федерација за две еднакви политички заедници и зони“ изрично осудувајќи ги „едностраните акции на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган спротивни на резилуциите“ на Советот.

Петнаесетте членки на Советот за безбедност „ја осодуваат најавата на турскиот претседател и челникот на купарските Турци од 20-ти јули 2021-ва за ново отворање на делот на затворената зона Вароша“.

„Советот за безбедност на Обединетите нации длабоко жали поради овие еднострани акции кои се спротивни на претходните резолуциии и изјав“, се додава во декларацијата.

Притоа Советот бара веднаш да се повлеќе оваа мерка за отворање, како и „сите промени изведени во Вароша од октомври 2020 година“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.