Турција го блокира почетокот на преговорите на Финска и Шведска за прием во НАТО

(AP Photo/Olivier Matthys)

Турција го блокирала разгледувањето на барањата од Финска и од Шведска за прием во НАТО, пренесуваат во средата весникот Financial Times и германската службена новинска агенција DPA повикувајќи се на своите извори од Севернатлантскиот воен сојуз.

„Амбасадорите на земјите членки на НАТО се состанаа во средата за да ги започнат разговорите за преим истиот ден кога Финска и Шведска ги поднесоа своите апликации, но по спротиставвуаето на Анкара беше запрено секое изјаснување“, се наведува во информацијата на FT.

Весникот забележува дека тоа ја доведува во прашање можноста Алијаната да постигне согласност во првата фаза по поднесувањето на барањата од двете скандинавски земји во рок од една до две седмици.

Изворите на DPA во НАТО рекле дека во средата Алијансата планирала да разговара за апликациите поднесени од амбасадорите на Финска и Шведска, со што би бил означен почетокот на процесот за прием во организацијата. Но поради ставот на Анкара пеговорите не започнале, откако турската страна јасно стави до знаење дека во моментов не може да го одобри почетокот на преговорите.

Амбасадорите на Финска и Шведска во НАТО, Клаус Корхонен и Аксел Вернхоф во средата официјално ги предадоа на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, апликациите на нивните земји за влез во сојузот.

Кон крајот на минатаа седмица турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повтори дека двете земји ги поддржуваат „терористичките организации“, меѓу кои ги апострофира милитантната сепартатистичка Работничка партија на Курдистан (PKK), која е забранета во Турција и е на листите со терорирстички организации на ЕУ и на САД, како и курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), поддржувани до САД во Сирија. Ердоган порано порача дека „скандинавските земји се ‘сигурни куќи’ за терористичките организации“, а Чавушоглу предупреди дека изминатиот викенд курдски активисти имале состаноци во Шведска.

Во текот на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите во НАТО во Берлин, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу осуди неколку земји од Алијансата поради речиси децениското ограничување на извозот на оружје во Турција поради нејзината борба против курдските организации, а таква практика кон Анкара имаат и Финска и Шведска.

Не е сосема јасно што би ја спречило Турција да вложи вето на проемот во членство на Финска и на Шведска во НАТО, но диломати за DPA претходно изјавија дека веруваат оти истапувањето на двете земји во борбата против тероризмот и извозот на оужје би можело да игра важна улога.

Сите 30 земји членки на НАТО мора да ги ратификуваат апликациите, но процесот на прием може да започне откако целиот блок ќе го издаде протоколот за прием и формално ќе ги покани двете земји да влезат во Алијансата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.