Турција и Грција ќе почнат разговори за кризата во источен Медитеран

Турција и Грција се договориле околу мерките за изградба на доверба и одржување билатерални разговори по повеќедневните тензии во спорот околу поморските права на источен Медитеран, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Тој тоа го изјави по состанокот со грчкиот колега Никос Дендиас, првпат по избивањето на спорот меѓу Анкара и Атина.

Обраќајќи се пред медиумите по одржувањето на Глобалниот форум за безбедност во Словачка, Чавушоглу нагласи дека Турција ќе биде домаќин на првиот круг разговори и двете членки на НАТО заедно ќе го одредат датумот.