Турција и Русија близу до договор за 36 ловци „Су-35“

Анкара и Москва се блуску до склучување договор за испораки на Турција на 36 руски борбени авиони од моделот „Су-35“, пишува во петокот повикувајќи се на сопствени извори весникот Daily Sabah.

Според весникот, турската и руската страна, исто така, би можеле да постигнат согласност Турција во иднина да започне да произведува некои компоненти за руските борбени авиони.

Претходно оваа седмица, челникот на руската Федерална служба за воено-техничка соработка, Дмитриј Шугаев, изрази мислење дека е тано да се зборува за конретни преговори за постигнување договор за успораки на ловците од моделите „Су-35“ и „Су-57“ на Турција. Сепак, меѓусебните консултации се во тек, додаде.

Шпекулациите за тоа дека Турција би можела да размисли за купување руски борбени авион се зголемија, откако кон крајот на август годинава турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во Москва придружуван од рускиот колега Владимир Путин го посети воздухопловниот саем МАКС-2019, и покажа отворен интерес за борбените авиони на дизајнерското биро „Сухој“. Потоа, Ердоган со „зошто да не“ одговори на новинарско прашање дали не ја исклучува можноста Турција да ги купи руските „Су-35“ и „Су-57“ наместо американските „F-35“.

Ваквите шпекулации особено се засилија откако Белата куќа во средината на јули годинава во соопштение објави дека одлуката на Турција да ги набави руските одбранбени противвозддушни системи „С-400“ оневозможила Анкара да продолжи да учествува во програмата за изградба на американските ловци-бомбардери од петтата генерација „F-35“, од кој Турција требаше да добие стотина примероци.Според американската страна, учеството на Анкара во програмата ќе биде конечно прекинато до крајот на март 2020 година. Турција во проектот произведувала повеќе од 900 компонентни за ловецот-бомбардер од петтата генерација, кои сега претежно ќе се префрлат во САД.

Суперсоничниот руски ловец од генерацијата „4 ++“, „Су-35С“ е развиен на основа на претходникот „Су-27“. Масата на ова летало управувано од еден пилот изнесува 19 тони, практичен лимит на височина на летот е 20 илјади метри, со максимална брзина од 2.500 километри на час. Вооружен е со авионски топови со калибар 30 мм, а може да понесе до 8 тони борбен товар, ракети и авионски бомби од различен тип.