Турција испраќа специјалци на границата со Грција за да спречи мигрантите да се вратат

Турција става 1000 припадници на специјалната полиција на границите со Грција, за да ги спречи мигрантите да се вратат на турска територија, изјави денеска министерот за надворешни работи Сулејнам Сојлу.

Тој тврди дека Грчките власти повредиле 164 мигранти и се обидувале да ги вратат мигрантите назад во Турција.

„Турција испраќа 1000 припадници на специјалната единица за да го спречат враќањето на 4900 мигранти“ навел министерот на Турција.

Минатата недела турскиот претседател Ердоган реши да ги отвори границите  и да ги пушти мигрантите слободно да преминат кон европскиѕте земји, Грција и Бугарија, откако во воздушен напад загинаа 33 турски војници.

После отварање на границите со Турција се собрале повеќе од 10 000 мигранти на грчката граница обидувајќи се да влезат во Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.