Турција на 48 часа воведува полициски час во 31 град

Турските власти во петокот му наложија на населението на 31 град, меѓу кои се и мегалополисот Истанбул и главниот град Анкара, од петок на полноќ да не излегуваат од своите домови во следните 48 часа, во рамките на новите построги мерки во справувањето со пандемијата на коронавирусот.

Турското министерство за внатрешни работи наведува во соопштението дека одлуката за карантинот ќе биде на сила до недела на полноќ, вклучително и во економско-финансискиот центар на земјата Истанбул и во административната престолнина Анкара. За поединостите во врска со оваа мерка населението дополнително се информира, се додава во објавата.

Повеќето од 47.029 заразени со коронавирусот во Турција живеат во Истанбул, кој има најмалку 15 милиони жители.

Министерот за здравство Фахретин Коџа изјави на прес-конференција во петокот дека епидемијата во земјата досега однела 1.006 животи, како и дека се приајвени нови 4,747 случаи на заразата. Од болеста во последните 24 часа во Турција починале 98 луѓе.

Повеќе од 300.000 тестирања се изведен во Турција, којашто има 83 милиони жители, според најновите официјални резултати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.