Турција: Навредливите карикатури на Пророкот се користат за заплашување на муслиманите

Портпаролот на турскиот претседател рече во неделата дека навредливите карикатури на пророкот Мухамед се користат за заплашување на муслиматните во Европа под изговор за слобода на говорот, а во меѓувреме растат тензиите меѓу Анкара и Париз.

Портпаролот Фахретин Алтун ја обвини Европа за демонизација на муслиманите, како што тоа се правело со Евреите во дваесетите години од минатиот век.

„Подмолната политика на навредливи карикатури, обвиненија според кои муслиманите се одговорни за сепаратизам и претресите на џамиите, немаат никаква врска со слободата на говорот“, напиша Алтун на Twitter обрќајќи се на англиски јазик.

„Тука станува збор за заплашување на муслиманите и се потсетува дека се многу добредојдени кога станува збор за придонесеот во економијата на Европа, но истовремено дека никогаш нема да станат нејзин составен дел“, додава портпаролот на турскиот претседател.

Алтун вели и дека таквиот став кон муслиманите е „многу добро познат“ од порано, и потсетува на „демонизацијата на европските Евреи во дваесеттите години од минатиот век“.

Изјавите на Алтун следеа откако Франција го повика на консултации во Париз својот амабсадор во Турција, по многу острите коментари на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во саботата на сметка на францускиот претседател Емануел Макрон, во врска со карикатурите на пророкот Мухамед кои беа повод за неколку смртоносни напади.

Турскиот претседател Ердоган го доведе во прашање „менталното здравје“ на францускиот претседател Макрон, и му советуваше „да почне да се лекува“.

Оддавајќи му почест на професорот по историја Самуел Пати, кому 18-годишен муслимански ученик му ја отсече главата пред гимназијата во преградие на Париз, бидејќи зборувајќи за слободата на говорот на учениците им покажал карикатури на пророкот Мухамед, Макрон изјави дека нема намеда „да се одрече од карикатурите“ на пророкот.

„Некои европски лидери денес не целат само на муслиманите. Тие ги напаѓаат и нашите вредности и нашите свети текстови, нашиот Пророк и нашите политички челници, всушност, нашиот начин на живот“, додаде Алтун.

Истакна дека Европејците досега морале да сфатат дека „муслиманите нема да си заминат бидејќи вие не нѐ сакате. Нема да го свртиме и другиот образ кога нѐ навредувате, туку по секоја цена ќе се браниме себеси и она што е наше“.

Францускиот државен секретар за европски прашања, Клемент Бон, во неделата во радио-програмата „Forum Radio“ ја осуди „желбата на турскиот претседател Реџеп Ердоган за дестабилизација“. Рече дека Ердоган „се претставува како заштитник на муслиманите на целосно инструментализиран начин“.

Бон ја повика јавноста да престане да биде „наивна“ кога станува збор за Турција, онака како што „во Европа бевме наивни последните петнаесет години“.

Францискиот политичар смета дека „не е случајно што по валканиот напад врз наставникот среде Париз на 16-ти октомври поради прикажување на карикатурата на Мухамед не следеше и официјална осуда од Анкара“.

Бон е убеден дека Ердоган сака „да го искористи овој драматичен настан за да го истакне следното: ‘Франција се бори против муслиманите’, со цел за ови луѓе да ги измешаат исламот и исламизмот“.

Додаде дека смета оти Ердоган настојува „да ја задржи деструктивната двосмисленост, со намера луѓето да го помешаат поимот борба против исламизмот која неумнорно ја водиме со наводната борба против исламот и муслиманите, којашто воопшто не постои“.