Турција не је призна руската анексија на четирите региони во Украина

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека не ја прифаќаат руската анексија на четирите територии на Украина.

Турските власти сметаат дека тоа е сериозно кршење на меѓународното право, а во претходните месеци ја критикуваа и руската инвазија.

Анкара веќе некое време се обидува да балансира меѓу Западот и Русија, па иако ја осуди инвазијата, сепак се противи на западните санкции.

„Оваа одлука е сериозно кршење на меѓународното право и не може да ја прифатиме“, соопштија од Турција.