Турција нема да престане да купува иранска нафта и покрај санкциите од САД

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека е невозможно за Турција да престане да купува нафта и природен гас од Иран, и покрај заканата од американски санкции. Тој додаде дека трговијата меѓу Анкара и Техеран ќе продолжи.

Ердоган пред новинарите по Генералното собрание на ОН во Њујорк изјавил дека Турција не се плаши од можни санкции на САД и не сака поради тоа, да ја загрози соработката со Иран.

Според весникот Сабах, Иран во Турција лани доставил над 25 милиони тони нафта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.