Турција од 1 јануари ќе наплаќа туристичка такса

Во Турција од 1 јануари 2023 се воведува туристичка такса, односно ќе се наплаќа по два отсто од сумата за сместување во хотели, туристички села, мотели, пансиони, како и туристичките тури од агенциите.

Туристичка такса нема да плаќаат претставниците на дипломатските претставништва и меѓународните организации кои имаат дипломатски статус.

Одлуката за туристичката такса е донесена во 2019 година, но примената на одлуката беше одложена поради пандемијата со корона вирусот.

Претставниците на туристичката индустрија во Турција претходно се изјаснија против воведувањето на таксата со образложение дека тоа ќе ја ослаби конкурентската позиција на земјата, која, за разлика од многу други земји, претходно не наплатуваше туристичка такса.