Турција од понеделник ги обновува внатрешните летови

170

Турската влада објави дека повторното одвивање на летовите на внатрешните линии постепено ќе започне од 1-ви јуни, а се укинуваат и многу од преостанатите ограничувања воведени за запирање на ширењето на коронавирусот.

Турскиот министер за сообраќај и инфраструктура, Адил Караисмаилоглу, најви дека летовите кои беа суспендирани во март поради епидемијата меѓу Инстанбул, Анкара, Измир, Анталија и Трабзон, повторно ќе започнат од понеделник.

„По два месеца првиот лет ќе биде меѓу Истанбул и Анкара. Од 1-ви јуни се обновуваат летовите за Истанбул, Анкара, Измир, Анталија и Трабзон. Линиите со другите градови ќе бидат обновувани постепено.“, истакна Караимсаилоглу.

Во Турција повторно се отвораат џамиите, па се овозможени заедничките дневни молитви. Тие, меѓутоа, се одвиваат на отворено, каде што верниците мора да одржуваат физичко растојание. Траба да носат маски и да носат сопствена простирка за молитва. Доколку ја немаат, ќе ја добијат во џамијата но само за еднократна употреба.

Од понеделник повторно ќе отворат кафулињата, рестораните, парковите, базените, вежбалните и музеите, а концертите на отворено ќе бидат дозволени до полноќ. Ноќните клубови и натаму ќе бидат затворени.

Вработените во јавните служби се враќаат на работа, а почнуваат со работа и детските градинки. Се отвара и Големата чаршија во Истанбул, која е детално дезинфицирана. На влезот во една од најголемите и најстарите покриени чаршии на светот, со 61 покриена уличка и повеќе од 4.000 дуќани, на посетителите ќе им се мери температурата, а нивниот број во даден момент ќе биде ограничен.

Во Турција се регистрирани околу 160.000 заразени и речиси 4.500 починати во епидемијата од коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.