Турција планира градежен потфат во Сирија вреден 27 милијарди долари

Турскиот државен радиодифузер TRTHaber пренесува дека Анкара планира да гради населби во рамките на ткн безбедни зони во североисточна Сирија, што предизвикува стравување дека Турција може да приграби дел од територијата на соседната земја.

Телевизијата открива детали за шемата во териториите кои се надвор од контролата на сириската влада, која турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја предложи на 74-то заседание на Генералното собрани на ООН во Њујорк претходно седмицава.

Во август Турција и САД постигнаа согласност за воспоставување „безбедна зона“ којашто би се протегала од реката Еурфрат до границата со Ирак. Сирија остро го критикуваше договорот како „бесрамна агресија“ против нејзиниот територијален интегритет и како „флангрантно кршење“ на меѓународното право и Повелбата на ОН.

Во Обединетите нации Ердоган покажа мапа за да ја прикаже зоната која Турција сака да ја воспостави со САД и каде што вели дека ќе бидат сместени милион сириски бегалци, од повеќе од трите милиони кои во моментов се згрижени на турска територија.

Турција врши притисок да се воспостави „безбедна зона“ во длабочина од 32 километри, по должината на повеќе од 400 километри нејзина граница со североисточна Сирија. Првично од страна на Анкара беше кажано дека формирањето на зоната има цел да ја одврати безбедносната закана на милицијата на сириските Курди Единици за заштита на народот (YPG), кои ги смета за поврзани со забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), а сега додава дека зоната, исто така, ќе се користи за решавање на прблемите на милион од 3,6 милиони сириски бегалци сместени сега во Турција.

Според планот на Турција, кој би чинел околу 151 милијарда лири (27 милијарди американски долари), во „безбедната зона“ би требало да бидат основани 140 села и 10 града. Проектот предвидува вкупно 200.000 објекти. Секое село би имало по 1.000 куќи, доволно за сместување на 5.000 луѓе, додека во секој град би требало да се изградат 6.000 домови за вкупно предвидено население од 30.000 луѓе.

Притоа секое домаќинство кое ќе живее во селата ќе има свое обработливо земјиште, додека во секој град ќе има болници, фидбалски терени, џамии и други објекти, се наведува во прилогот на телевизијата. TRT Haber, исто така, објави и дека ќе се формираат странски фондови за изградба на населните и објави фотографии од макети од проектот.

Во токот на својот говор во вторникот, Ердоган го повика Генералниот собрание на светската организација напорите на Турција во Сирија.

„Нашите цели се да го решиме проблемот на два милиона Сиријци, со поддршка на меѓународната заедница, преку осигурување мировен коридое од 30 километри во длабочина и 480 километри во должина во првата фаза“, рече турскиот челник.

Ердоган, исто така, понуди проширување на безбедната зона на линијата Деир ал-Завр – Рака, додавајќи дека доколку тоа се изведе, три милиона раселени Сиријци ќе може да бидат вратени.