Турција почна да го плаќа рускиот гас во рубљи

Турција започна да плаќа дел од испораките на рускиот гас во рубљи, потврди во вторникот турскиот министер за енергетика Фатих Донмез и најави конкретни планови за реализација на рускиот предлог Турција да стане јазол за снабдување на Европа со рускиот енергенс.

„Како што знаете за тоа (плаќањето во рубљи) беше постигнат договор, делумното исплаќање е веќе започнато. Имаме намера да ја интензивираме нашата соработка во овој правец“, изјави Донмез во интервјуто за телевизискиот канал TRT Haber.

Според министерот, Анкара и Москва ги завршуваат техничките работи за тргување во националните валути, откако претседателите на двете земји во септември договорија Турција 25 отсто од испораките на рускиот гас да ги исплаќа во рубљи.

Повеќето меѓународни енергетски договори се извршуваат во долари или евра, а руските финансиски системи и банки се под санкции на Западот поради војната во Украина, па Москва покрај воспоставувањето на системот за конверзија на валутите во рубљи што го прифатија и покрај противењата повеќето големи европски компании.

Турција, пак, се обидува да ја поттикне трговијата во лири за да ја поддржи домашната валута, ослабена со неортодоксната монетарна политика. Турската централна банка, така, ги намалува клучните каматни стапки и покрај рекордната инфлација, монетарна стратегија која се покажа успешна пред десетина години.

На прашање на предлогот на рускиот претседател Владимир Путин во октомври по уништувањето на руските гасоводи Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море, Турција да стане главен јазол за трговијата со гасот кон Европа, Донмез рече дека Анкара до крајот на годината ќе изработи детален план и дека би можела да одржи конференција за добавувачите и купците.

За понудата на Путин, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека е согласен и дека ќе се работи на таквата идеја.

„Би можеле да организираме меѓународна конференција за гасот, можеби во јануари или февруари, кога би ги собрале добавувачите на гас и земјите увознички и би дознале што за тоа мислата и потоа би ги усогласиле нашите натамошни чекори“, рече во вторникот министерот Донмез.

Европските влади недвосмислено ги припишаа оштетувањата на руските гасоводи во Балтикот на саботажа по првичните истраги. Шведска, Данска и Германија одбија да објават кој стои зад експлозиите, повикувајќи се националната безбедност. За Москва тоа е јасна потврда на нејзините тврдења дека зад диверзијата, која рускиот претседател Владимир Путин ја нарече „меѓународен државен тероризам“, стојат Велика Британија и САД.

Мнозински сопственик на компанијата која управува со Северен тек 1 кој беше во функција е уништени му се двата цевковода, „Nord Stream AG“ е руски „Газпром“ со удел од 51 отсто, германските енергетски групации „Wintershall“ и „E.ON“ со по 15,5 отсто од уделот, француската компанија „Engie“ и холандската „Gasunie“ со по 9 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.