Турција порача Шведска и Финска мора да сторат повеќе за влез во НАТО

Турција уште еднаш во средата порача дека Шведска и Финска направиле „позитивни чекори“ во борбата против тероризмот, што беше услов кој го постави Анкара да го поддржи нивниот влез во НАТО, но дека треба да сторат повеќе за да ги задоволат турските барања, изјави во средата турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„Новата влада во Шведска е порешителна од претходната и ние тоа го прифаќаме со задоволство. Тие направија законодавни промени и сето тоа претставува позитивни чекори“, изјави Чавушоглу на прес-конференција во романската престолнина Букурешт на маргините на состанокот на НАТО.

На маргините на состанокот претходно во вторникот засебен состанок имаа шефовите на дипломатиите на Турција, Шведска и Финска.

Меѓутоа, Чавушоглу додаде во средата дека без оглед на „убавите зборови и решителноста“ на двете нордиски земји, Турција сѐ уште очекува „конкретни мерки“,

Анкара скандинавските земји ги обвинува дека им пружаат засолниште на милитантите на Работничката партија на Курдистан (PKK), која е на листите терористички организации и на ЕУ и САД и која води сепартатистичка војна од 1980-те против турската држава, како и на приврзаниците на движењето на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во егзил во Пенсилванија (FETO), обвинети за неуспешниот воен удар од јули 2016 година.

Претставниците на Шведска, Финска и Турција во јуни потпишаа меморандум за укинување на турското вето, доколку нордиските земји ги отстранат причините кои предизвикуваат загриженост во Анкара.

„Унгарија, покрај Турција, е уште единствената земја во НАТО којашто не го ратификуваше влегувањето на Шведска и Финска, рече дека тоа ќе го стори во првиот дел од февруари 2023 година“, изјави во средата за новинарите во Букурешт, министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хаасвисто. Додаде дека Турција „сѐ уште не го одредила датумот“.