Турција позитивно за кандидатурата на Финска во НАТО, но не и а Шведска

Турција позитивно гледа на барањето на Финска за членство во НАТО, но не ја поддржува кандидатурата на Шведска, повтори во средата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

„Нашиот став за Финска е позитивен, но кога станува збор за Шведска, не е “, рече Ердоган за кандидатурите на двете скандинавски земји за приклучување на Северноатлантската воена алијанса.

Двете земји во мај минатата година поднесоа барање за членство во НАТО, но Турција го условува тоа со барањето да ѝ ги предадат лица кои таа ги гони за тероризам а уживаат политички азил во Шведска и во Финска.

Анкара особено бара Хелсинки и Стокхолм да заземат остар став кој припадниците на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) кои Турција, САД и ЕУ ја ставија на листите терористички организации поради нејзиното вооружено дејствување против турската држава од 1980-те години. Тоа се однесува и на движењето на исламистичкиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во егзил во САД FETO, кое е обвинето за неуспешниот пуч во јучли 2016 година.

Трите земји во јуни на маргините од самитот на НАТО во Мадрид постигнаа договор за остварување на зададените задачи, но Анкара во јануари ги суспендираше разговорите откако данско-шведски екстремен антиисламист со дозвола на властите во Стокхолм ја запали муслиманската света книга Куранот во близина на турската амбасада, каде една седмица претходно курдските активисти обесија наопаку кукла со ликот на Ердоган. Шведска претходно донесе судска одлука со која ја забрани екстрадицијата на турски опозициски новинар кој во Турција е обвинет за припадност на FETO.

„Шведска во овој момент не треба да се заморува со обидите да издејствува наша согласност. Нема да дадеме потврден одговор на нејзиното барање сѐ додека дозволуваат палење на Куранот“, рече Ердоган.

Во неделата турскиот претседател навести дека Анкара може да се согласи со влезот на Финска во НАТО но не и за Шведска.

Иако финскиот министер за надворешни работи Пекка Хаависто дозволи можност за продолжување на разгледувањето на апликацијата на земјата за членство во НАТО засебно од Шведска, но потоа ја повлече изјавата и рече дека останува на првичниот план да влезе во Алијансата истовремено со соседната земја.

На прашањето дали Турција ќе ги одвои постапките за членството на Финска и Шведска, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека тоа зависи од НАТО и од двете земји.

„Доколку НАТО и овие две земји сакаат да ја раздвојат постапката на придружување, Турција случајот на Финска ќе го разгледува одвоено и со повеќе наклонетост“, рече Чавушоглу.