Турција прими уште 6,5 милиони дози од кинеската вакцина „Sinovac“

Труција во понеделникот прими дополнителни 6,5 милиони дози од вакцината против коронавирусот, којашто ја разви кинеската фармацвтска компанија „Sinovac Biotech“, што овозможи продолжување на националната програма на вакцинација на турското население.

Новата пратка претставува дополнување на првичните резерви од три милиона дози од вакцината коишто Турција ги прими пред околу еден месец. Најновата пратка е дел од втората пратка кој вкупно ќе опфати 10 милиони дози. Турција има потпишано договор со кинеската компанија за купување 50 милиони дози кои се доволни за вакцинирање на 25 милиони луѓе, односно речиси третина од вкупното население.

Примероците на препаратот на „Sinovac“ ќе бидат тестирани во лабораториите на турското министерство за здравство пред да добијат одобрување за масовна употреба.

Доега во Турција се вакцинирани 1.257.000 луѓе, главно здравствени работници и повозрасни лица, според податоците на министерството за здравство. Ооолу 600.000 луѓе се вакцинирани за само два дена, кога започна програмата на вакцинирање кон средината на јануари.

Турција од почетокот на епидемијата забележа повеќе од 2,4 милиони заразени и 25.073 смртни исходи предизвикани од компликациите од Covid-19. Дневниот број заразени последните денови падна под 6.000, од високите бројки од 33.000 на почетокот од декември.

Поради тогашниот раст на бројот на заразените турската влада од декември воведе затворање во текот на викендите.

Од друга страна, мерките преземени во борбата против пандемијата во пролетта минатата година предизвикаа остро забавување на турската економија во вториот квартал, поради што владата презема низа мерки за да го олесни товарот и да ги заживее стопанските активности.