Турција: Санкциите на Брисел укажуваат на пристрасност и двојни аршини

Турција денеска соопшти дека санкциите на ЕУ против турската компанија „Аврасја“, обвинета за кршење на ембаргото на ОН за испорака на оружје во Либија, претставуваат „пристрасен став и двојни аршини“.

ЕУ вчера ги замрзна средствата на бродската компанија Аврасја, чиј брод Чиркин беше вмешан во поморски инцидент меѓу Франција и Турција во јуни.

Брисел ја обвинува компанијата дека го користи овој брод за шверц на оружје до Либија, што Турција го негира и тврди дека превезувала хуманитарна помош.

ЕУ има поморска мисија која ја следи усогласеноста со ембаргото за вооружување кон Либија.

-Операцијата ЕУ „Ирини“ го наградува водачот на Либиската национална армија – ЛНА, Калифа Хафтар и ја казнува меѓународно признаената администрација во Триполи, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се вели дека игнорирањето на земјите и компаниите, почнувајќи од Обединетите Арапски Емирати, испраќајќи оружје на Хафтар по копно и воздух, што е во спротивност со одлуките на Советот за безбедност на ООН, е јасен показател за пристрасност кон ЕУ.

Постои можност Турција да се соочи со санкции на ЕУ во врска со спорот со Грција околу правото на природните ресурси на истокот на Средоземното море, иако тензиите се намалија во последните неколку дена