Турција, Шведска и Финска потпишаа меморандум за прием на Шведска и Финска во НАТО

Турција, Шведска и Финска денеска потпишаа меморандум за процесот на приклучување на Шведска и Финска во НАТО, јавува Анадолија.

Меморандумот го потпишаа турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и неговите колеги од Финска и Шведска, Пека Хависто и Ана Линде.

На потпишувањето присуствуваа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, финскиот претседател Саули Нинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон.

Меморандумот беше потпишан во центарот ИФЕМА во Мадрид, каде се одржаа средби во рамките на Самитот на НАТО.

Детали од меморандумот засега не се објавени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.