Турција уверува: Русија и Украина се приближуваат на договор во „клучните“ прашања

Русија и Украина се приближуваат до постигнување договор за „клучните“ прашања, вели турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во интертвјуто објавено во неделата и додава дека се надева оти ќе дојде до примирје доколку двете стране не се откажат од досегашниот напредок.

Чавушоглу, кој минатат седмица патуваше во Русија и во Украина поради разговори со колегите Сергеј Лавров односно Дмитро Кулеба, вели за турскиот дневен весник Hurriyet, дека дошло до „приближување на позициите на двете страни по важните теми, клучните теми“.

„Можеме да кажеме дека се надеваме на примирје доколи страните не одат чекор наназад од моменталните позиции“, вели Чавушоглу без да навлегува во поединости.

Портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин во разговорот за катарската телевизија Al Jаzeera изјави дека двете страни се приближуваат на четирите клучни прашања. Го наведе руското барање Украина да се откаже од своите амбиции да му се придружи на НАТО, демилитаризацијата на земјата, потоа она што Москва го нарекува „денацификација“ односно исклучување и забранување на ултранционалистичките и неонацистички паравоени формации и партии, како и заштите на рускиот јазик, кој во Украина го зборуваат речиси половината од вкупното население, на позициите од пред преврат во Киев во 2014 година кога беше забранета употребата на јазиците на малцинствата и ускратени малцинските права.

Украина и Западот ги отфрлаат руските обвинувања за „неонацистите“ во избраната влада во Киев. Но не споменуваат дека во 2014 година од гласањата во Врховната Рада (парламентот) со автомати беа избркани пратениците на тогаш владејачката Партија на регионите која одржуваше тесни врски со Русија а потоа и со закон ја забранија, како и дека изборите оттогаш се спроведуваат без учество на голем дел од проруски расположеното население. Калин, пак, рече дека таквите наводи за неонацисти се „навредливи“ за Киев.

И покрај обвинувањата од двете страни за одолговлекување, Москва и Киев направија напредок во разговорите минатата седмица кон решение коешто би ја гарантирало безбедноста на Украина, но би била надвор од НАТО.

Калин рече дека до трајно примирје би можело да дојде исклучиво на средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега по должност Владимир Зеленски. Но, советникот на турскиот претседател додаде дека Путин смета дека позициите за „стратешките прашања“ за Крим и Донбс не се доволно блиски за да се договори таква средба.

По превратот во Киев 2014 година руското национаално мозинство на црноморскиот полуостров Крим со два референдума ја врати укинатата автономија по осамостојувањето на Украина од СССР и да се врати во составот на Русија од која административно е отцепена во 1950-те години што Западот не ги признава. Веднаш откако новите ткн прозападни власти во Киев избрани со акламации на Мајдан го донесоа законот за забрана на рускиот јазик како официјален и именуваа свои гувернери наместо избраните во доминатно руските и рускојазичните југоисточни региони во Донбас, во Донецк и Луганск самопрогласија ткн народни републики.

Турција којашто е членка на НАТО дели поморска граница во Црното Море со Украина и со Русија и со двете држави има добри односи и се понуди како посредни во преговорите меѓу нив. Турција ја искажа својата поддршка на Украина, но истовремено се спротистави на новите жестоки западни санкции против Русија.

Додека другите членки на НАТО воведуваат снакции против Русија, Турција нема многу простор за маневар, бидејќи преголемите санкци може да го загрози увозот на руските енергенси и ќе наштети на турската трговија и туризмот кои се насочени кон Русија, особено кога земјата се наоѓа во длабока финансиска криза.