Турција во случај на напад на нивните позиции во Сирија ќе одговори без задршка

63

Турското Министерство за одбрана денеска соопшти дека „на најсилен начин и без задршка“ ќе се одмазди за каков било напад на турските набљудувачки места во сириската провинција Идлиб.

Сириски владини сили влегоа во градот Маарет ал Нуман во јужниот дел на провинцијата Идлиб, што претставува значаен напредок за сирискиот претседател Башар ал Асад, кој сака во целост да ја врати територијата која сега е под контрола на бунтовниците.

Според сириската невладина Опсерваторија за човекови права, во тек се борби меѓу владините сили и бунтовниците.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.