Турција започна воени вежби со силите на Северен Кипар

Турската армија ги започна во неделата годишните воени вежби во непризнаената Турска Република Северен Кипар, ентитет кој го прознава само Анкара, а во атмосфера на крајно тензични односи со Грција во источниот Медитеран.

Турција и Грција, и двете земји членки на НАТО, покрај деценискиот спор за поделениот Кипар, во последниот месец ги влошија меѓусебните односи поради турските истражувања за евентуални наоѓалишта на природен гас во подморјето крај медитеранскиот остров. Тензиите ескалираа, откако Анкара бродот за сеизмички истражувања „Oruç Reis“ го заштитува со придржба на воени бродови.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во телевизиското обраќање во саботата ѝ се закани на Грција дека „Тие ќе сфатат, дали со јазикот на политиката или на дипломатијата или на теренот преку горки искуства“.

Од НАТО претходно седмицава објавија дека грчките и турските функционери се согласиле на „технички пеговори“ за да се спречат какви било ноци инциденти меѓу поморските сили на двете земји, кои изведуваа воени вежби на кои се приклучија и бродови на други земји членки на Алијансата. Меѓутоа, Атина подоцна демантираше дека е подготвена да учестува на преговори инсистирајќи на своето право на споредните води, на што Анкара обвини дека го одбива дијалогот.

Во контекстот на овие настани, турската армија ја започна во неделата „Медитеранска бура“, воена вежба во соработка на силите за безбеднот на Северен Кипар, објави портпаролот на турскиот челник, Фуат Октај.

„Безнедносните императиви на нашата земја и на Турската Република Северен Кипар не може а да не бидат земени предвид“, порача на Twitter Октај.

Во вежбите се ангажирани воздушни, поморски и копнени сили, и според соопштението на турското министерство за одбрама, започнале успешно во неделата и ќе траат до четврток.

Турција на северот од Кипар распореди десетици илјади војници по инвазијата од 1974 година, по дражавниот удар на грчката воена хунта којашто тогаш беше на власт во Атина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.