Турција забележа најголем дневен раст на коронаинфекции од почетокот на мај

Бројот на новозаразените со коронавирусот во последните 24 часа во Турција се зголеми за 2.165 лица, што е највисокиот показател од 6-ти мај, објави во петокот турското министерство за здравство.

Како што соопшти министерот за здравство Фахретин Коџа, пандемијата на коронавирусот во Турција го достигнала вториот пик. Во септември и во октомври, земјата постојано бележи највисоки стапки на нови случаи на коронавирусот на дневно ниво од почекот на мај. Претходните два дена, првпат во последните пет месеци, беа евидентирани повеќе од две илјади заразени лица во 24 часа.

Во петокот Турција регистрирала 2.165 случаи на Covid-19, со што вкупната бројка од почетокот на епидемијата достигна 357.693 заразени. Починале во последното деноноќие уште 74 пациенти, а вкупната бројка на смртните исходи во епидемијата во земјата изнесува 9.658 луѓе.

Во моментов на одделите за интензивна нега во турските болници има 1.648 пациенти, наспроти 1.493 кои се отпуштени од болниците, или вкупно 311.520 оздравени лица. Според Коџа, стапката на заболените со пневмонијата или Covid-19 од лицата кај кои е потврдено присуството на вирусот SARS-CoV-2 изнесува 5,6 отсто.

Министерот Коџа, исто така, потенцираше дека во изминатото деноноќие биле спроведени 115.979 тестови на коронавирусот, со што вкупнио број тестови достигнал 12.992.246 во земјата со 82-милионско население.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.