Турција згази Норвешка, Хрватска анемична против Кипар

Во групата Г од квалификациското второ коло за пласман на СП идната година, Турција на гостувањето во Норвешка комплетно ја надигра и апсолутно заслужено победи и дојде до три бода од оваа гостување

Победата на Турција од 3-0 ја одработија Туфан, Сојунцу и повторно Туфан. Во оваа група, втора победа оствари и Црна Гора, која на домашен терен лесно се справи со аутсајдерот Гибралтар со 4:1 Стрелци за победата на Црна Гора беа Бекирај, Симиќ, Томашевиќ и Јоветиќ.

Во групата Х може да се каже дека Хрватска буквално успеа да се спаси од срам, бидејки одиграа неубедлив натпревар против Кипар и победи со 1-0, а победничкиот гол го постигна Пашалиќ во финишот од првиот дел.

Во оваа група Русија оствари сигурна победа со 2:1 против Словенија и сега се лидери на табелата, токму пред Словенија и Хрватска кои имаат по три бода.

Во групата Е, Белорусија запиша победа против Естонија со 4:2, подоцна ќе биде одигран натпреварот Чешка – Белгија, кој го заслужува епитетот дерби на вечерта, со оглед на тоа какво прво коло имаше Чешка, но и Белгија.