Турција демантира дека авиони од Инџирлик вчера напаѓале цели на ИД

Турција демантира дека авиони од Инџирлик вчера напаѓале цели на ИД
Турција демантира дека авиони од Инџирлик вчера напаѓале цели на ИД

Турција ги демантира тврдењата дека во вчерашните напади на меѓународната коалиција врз позиции на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Сирија учествувале авиони-ловци од базата Инџирлик, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Ниту авиони-ловци, ниту беспилотни летала, кои се наоѓаат во воената база Инџирлик, не учествуваа во вчерашните воздушни напади врз позиции на ИД во Сирија, се наведува во соопштението.

Претходно медиумите објавија дека САД вчера ги извршиле првите воздушни напади врз цели на џихадиситчката група со авиони со екипаж од базата Инџирлик во Турција.

Коалицијата предводена од САД претходно извршуваше напади со беспилотни летала.

Турција минатиот месец се согласи да и ја отстапи базата Инџирлик на коалицијата предводена од САД за напади врз ИД.

Во јули Турција првпат почна воздушни напади против милитантите во Сирија.

Потпишан договор за користење на базата Инџирлик

Потпишан договор за користење на базата Инџирлик
Потпишан договор за користење на базата Инџирлик

Овој договор се однесува за користење на базата Инџирлик исклучиво за борба против Исламска држава.

Истиот не вклучува поддршка од воздух за курдските борци во северниот дел на Сирија.

Претседателите на САД и на Турција, Барак Обама и Реџеп Таип Ердоган договорот за користење на базата Инџирлик го постигнаа во средината на јули годинва.

 

САД и Турција со независна зона од Исламска држава

Независна зона од Исламска држава ќе формираат САД и Турција, соопштија денеска американски претставници.

Целта е воспоставување слободна зона од Исламска држава и обезбедување поголема стабилност по должината на границата на Турција со Сирија, изјави неименуван американски претставник.

 

ВИДЕО: Турција ја нападна Исламска држава

 Турција ја нападна Исламска држава
Турција ја нападна Исламска држава

Турција ја нападна Исламска држава. Воени авиони извршиле бомбардирања врз цели на џихадистичката група на територијата на Сирија.

Телевизијата ТРТ објави дека четири борбени летата, полетале од базата Дијарбекир, во југоисточна  Турција, и извршиле ракетен напад врз сириското село Хавар, кое се наоѓа непосредно до граничната линија со турската провинција Килис.

Според објавеното, авионите не го нарушиле сириското воздушно пространство.

 

 

Прочитајте повеќе:

Турција годинава протерала над 700 осомничени џихадисти

ИД го откри џелатот на Салопек

Месечно околу седум француски џихадисти гинат на боиштата во Сирија

„Си-Ен-Ен“: Џихадистите подготвуваат напади со голем број жртви?!