Турција е загрижена од ситуацијата во Босна и Херцеговина

Турција е загрижена од ситуацијата во Босна и Херцеговина, изјави претседателот на меѓупарламентарната група за пријателство во Турција, Хакан Чавушоглу, пренесуваат локалните медиуми.

Чавушоглу истакна дека Босна и Херцеговина е многу млада земја, што веќе е доживеала тешки повреди. Тој додаде дека земјата мора да биде заштитувана од граѓаните. Турскиот пратеник изрази разбирање за тешкотиите со кои се соочуваат босанските државјани, но истакна дека секоја демонстрација треба да биде поттикната без акти на вандализам.