Турција ги отвори границите за Курдите кои бегаат од Сирија

60

Турција денеска попладне ги отвори границите за 4000 Курди кои бегаат од џихадистите на северот на Сирија, соопшти премиерот Ахмет Давутоглу.

Курдите од четвртокот се собираат на границата со Турција која првично одби да ги прифати, нудејќи им помош на сириско тло, јавуваат турските ТВ медиуми.

Турските сили за безбедност утринава со солзавец и водени топови ги притискаа Курдите, но изгледа дека упорната офанзива на војската на сунитската екстремистичка организација „Исламска држава“ ја поттикна Анкара да го промени ставот.

„Ја отворивме границата. Ќе им помогнеме на луѓето кои според најновите информации се 4000,“ изјави Давутоглу во Баку каде што е во посета.

Бидејќи тоа го слушнаа, стотина Курди главно жени, стари и болни тргнаа кон границата со Турција, под будно око на силите на безбедност со директен ТВ пренос, додека оддалеку одекнуваат артилериски експлозии.

Турција од почетокот на војната во Сирија во 2011 година, прими 1,5 милиони бегалци и нејзините сместувачки капацитети се преполни, па бегалците ги сместува на самата граница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.