Турција ги удвојува царините за производи од САД во износ од половина милијарда долари

Турција ги удвојува наметите на увозот за 22 американски производи, што се проценува на 533 милиони долари годишно, објави во средата министерката за тровија Рухсар Пекџан.

„САД се важен но не и единствениот трговски партнер на Турција. Анкара секогаш има пристап до разни алтернативни пазари. Двојно ги зголемивме давачките на увозот на 22 видови стоки од Соединетите држави, така што дополнителниот износ на трошоците изнесува 533 милиони долари“, изјавила Пекџан, која ја цитира агенцијата Anadolu.

Министерката, исто така, изразила поготвеност за бранење на „интересите на домашните компании од неправедните потези на САД“. Според неа, Турција ќе преземе соодветни мерки.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 10-ти август објави дека издал указ со кој двојно ги зголемиува царините за увозот на алуминиум и челик од Турција на 20 односно 50 отсто. Тоа предизвика пад на вредноста на турските обврзници, на вредноста на акциите на турската берза и стрмоглав пад на турската лира, којашто од почеткот на годината загуби речиси 50 отсто од вредноста во однос на американскиот долар.

Во атмосферата на зголемени дипломатски тензии и започната економска војна, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, најави дека Турција ќе мине на плаќањето во национални валути со своите најголеми трговски партнери, како Русија, Кина, Украина и Иран, бојкот на американските електронски производи и зголемување на царините на низа стоки кои доаѓаат од САД,