Турција и Јапонија договорија економско партнерство и изградба на нуклеарка

Јапонскиот премиер Шинзо Абе и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, денеска во Токио се договорија за почеток на преговорите за договор за економско партнерство.

Двете страни потпишаа договор за формирање на научно технички универзитет во Истанбул преку кој ќе се одвива размена на студенти и ќе се образоваат стручни кадри од областа на нуклеарната енергија.

Абе и Ердоган договорија и изградба на нуклеарка во вредност од 22 милијарди долари, во која ќе учествуваат јапонскиот „Мицубиши“ и француската „Арева“.

Јапонските медиуми исто така јавуваат дека Јапонија и Турција се договориле за соработка во производство на мотори за тенкови што е редок случај на воена соработка на Токио, бидејќи САД  е главниот јапонски партнер, во доменот на одбраната.