Турција има снимки од наводното убиство на саудискиот новинар

Труската истрага за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги (Хaшкуџи), критичар на саудиските власти, открила снимки на неговиот Apple Watch коишто наводно покажуваат дека бил мачен и убиен, објави во саботата турскиот печат.

Извештајот е објавен во дневниот весник Sabah, кој уште не е потврден, е објавен откако делегацијата од Саудиска Арабија пристигна во Турција поради заедничката истрага за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги.

„Испитувањето на Кашоги, мачењето и убиството е снмено на неговиот Apple Watch“, наведува весникот додавајќи дека неговиот часовник бил синхронизиран со неговиот iPhone, кој бил кај неговата вереница којашто на 2-ри октомври го чекала пред саудискиот конзулат во Истнабул десетици часа откако тој влегол во дипломатското претставништво и не излегол до полноќ, по што пријавила во полицијата.

Двајца високи турски функционери изјавија претходно за агенцијата Reuters дека тој носел црн часовник Apple Watch кога влегол во саудискиот конзулат и дека тој бил поврзан со неговиот мобилен телефон кој го оставил надвор кај вереницата. Меѓутоа, не е познати дали податоците од тој часовник би можеле да бидат префрлени на неговиот телеон, ниту како иследниците до нив дошле без самиот часовник.

Весникот Sabah, кој се повикува на „сигурни извори“ во истрагата, наведува дека новинарот веројатно вклучил снимање на телфонот пред да влезе во конзулатот. Весникот додва дека саудиските разузнавачки сфатиле откако починал дека се е снимено, па го отклучиле уредот со помош на отпечатокот од неговиот прст и избришале некои фајлови, но не сите. Снимките подоцна биле пронајдени на неговиот телефон.

Кашоги, кој живееше во егзил во САД, влегол во саудискиот конзулат во Истанбул за да ги добие документите кои му биле неопходни за вненчавката. Саудиските власти тврдат дека тој набрзо потоа излегол, но турски функционери и неговата вереница тврдат дека тој никогаш не излегол.

Турската полиција којашто претходно објави снимки од надозрните камери во близина на саудискиот конзулат на кои се гледа сомнителен теренец кој влегува во конзулатот по Кашоги откако претходно бил паркиран во близината, и потоа по неколку часа излегува од дипломатското претставнишво. Анкара се сомнева дека новинарот е убиен во конзулатот. Турското министерство за надворешни работи објави дека саудискиот конзулат ќе биде пребаран во рамките на истрагата.

И американскот министерство за надворешни работи побара информации за Кашоги и изрази загриженост за неговата безбедност. Имено, 59-годишниот новинар од минатата 2017 година живее во егзил во САД, а Саудиска Арабија ја напушти по серијата критички текстовои на сметка на принцот бин Салман.

Кашоги е еден од најпознатите критичари на саудискиот принц кој ги покрена реформите кои ги поздравуваат САД и Западот, меѓутоа започна и пресметки со дел од монархијата, саудиски бизнисмени и особено со дисидентите во којашто се уапсени, многу активисти, интелектуалци и верски лица, пособено од шиитската заедници. Тие, исто така, ја критикуваа и војната во соседен Јемен, во која Саудиска Арабија ја предводи коалицијата на сунитските земји којашто се бори против побунетото шиитско племе Хуси и одментатите војници на претходниот претседател.

Како поранешен уредник на влијателниот весник al-Watan и на истоимениот телевизиски канал, Кашоги со години се сметаше за близок на саудиското кралско семејство и своевремено беше советник на повеќе високи функционери. Но по апсењата не неколку негови пријатели, откажана му е колумната во весникот al-Hayat и наводно е предупреден да престане да користи Twitter. Кашоги ја напушти Саудиска Арабија и замина во САД каде што објавуваше написи во The Washington Post и се појавуваше на арапските телевизиски канали во западните земји.

„Го напуштив својот дом, семејството и работата, но не престанав да говорам. Во спротивно, би ги предал оние коишто лежат во затвор. Јас барем можам да зборувам, додека многу од нив не можат“, напиша во септември 2017 година.