Турција со над 20 воздушни напади на курдски цели во Алепо

напади

Цел на нападите биле селата Ел Хасија, Ум ел Кура и Ум Хосе, кои Сириските демократски сили ги освоиле од ИД, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

Турската армија соопшти дека се извршени 26 напади врз 18 позиции на курдските екстремисти во северниот дел на Сирија. Цел на нападите биле припадници на Единиците за народна одбрана за кои Анкара тврди дека се сириски огранок на ПКК.