Турција не е на ничија страна во врска со Сирија

Туријца не е на страната на ниту една земја во врска со Сирија и нејзината политика во регионот се разликува од оние на Иран, Русија и САД, изјави во понеделникот потпретседателот на турската влада Бекир Боздаг.

Ваквата изјава на Боздаг беше дадена како одговор на новинарско прашања за претходната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, кој кажа дека поддршката на Турција на ракетните напад врз Сирија покажала дека таа се „сепарирала“ од Русија.

„Политиката на Турција кон Сирија не е заземање страна или застанување против која и да е земја. Нема промена во политиката којашто ја спроведува Турција“, рече Боздаг на средбата со новинарите во Катар.

„Немаме единствена политика со САД по прашањето на (силите на сириските Курди, Единици за заштита на народот) YPG и ставовите на Турција не се променја. Ние, исто така, сме и против безусловната поддршка на (сирискиот) режим и околу тоа сме во судир со Иран и со Русија“, додаде Боздаг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.