Турција нема да зема кредити од ММФ

Властите во Турција немаат намера повеќе да земаат кредити од Меѓународниот монетарен фонд, изјави
денеска претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Модерна Турција нема потреба од заеми и техничка поддршка од ММФ, изјави Ердоган.
Според него темата за кредитирање од ММФ е затворена еднаш засекогаш.

Шпекулациите дека Турција ќе зема кредит од ММФ се засилија откако државата ја погоди економска криза поради девалцација на лирата.

Во 2013 година Турција го исплати на ММФ последниот заем земен од тој фонд.