Турција планира создавање „бафер зона“ за заштита од екстремисти од „Исламската држава“

Турската армија подготвува планови за создавање на „бафер зона“ долж јужната граница на земјата каде постои закана од екстремисти на групата „Исламска држава“ во Ирак и Сирија, изјави синоќа претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Владата разгледува планови и ќе одлучи дали постои потреба од таква одлука, изјави Ердоган пред заминувањето од Катар, пренесуваат турските медиуми.

Претставник на Ердоган ја потврдил изјавата на турскиот претседател без да прецизира во кои делови на границата може да биде создадена „бафер зона“.

Турција претходно јасно кажа дека не сака да има улога во воената коалиција, што САД се обидуваат да ја формираат за борба против „Исламска држава“ во Ирак и Сирија.