Турција: Политичката криза чини 100 милијарди долари

Политичката криза во Турција, предизвикана од корупциски скандал во кој што беа вмешани луѓе блиски до власта, турската економија ја чинат повеќе од 100 милијарди долари.

„Говориме за штета поголема од 100 милијарди долари“, изјавил турскиот заменик премиер, Булент Аранч, по првата седница на владата од нејзината реконструкција, преземена по оставката на тројца министри чии синови се уапсени во текот на опсежната полициска истрага за корупција.

Аранч го повтори претходниот став на владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган дека истрагата, која удрила во јадрото на неговата администрација, дека „заговорот има за цел да го затемни угледот на Турција во домашната јавност и странство“.

Турскиот премиер пред четири дена сменил скоро половина од својот кабинет, вкупно 10 министри, по големиот корупциски скандал, поради кој оставки еден ден претходно поднеле тројца министри.