Турција порача дека новите санкции против Иран го дестабилизираат светот

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во вторникот дека неговата земја нема да учествува во ноците американски санкции наметнати против иранскиот нафтен и поморски сектор, затоа што тие се насочени за „дестабилизирање на светот“.

Во понеделникот САД повторно воведоа санкции против Иран откако во мај годинава се повлекоа од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма од 2015 година меѓу Техеран и шесте светски сили, но дозволи изземање за некои американски партнери најголеми купувачи на иранската нафта, меѓу кои и Турција, привремено да продолжат да набавуваат ирански сировини.

„Тоа се чекори коишто се насочени на дестабилизација на светот. Не сакма да живееме во империјалистички свет. Овие проблеми ќе бидат истакнати (кон крајот на седмицата) на самитот во Париз.. Ние апсолутно нмма да се согласимте на ваквите санкции. Купуваме 10 милијарди кубни метри природен гас. Не можеме да дозволиме нашите луѓе да се смрзнуваат од студот“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Турција, којашто е членка на НАТО, е силно зависна од увозот на енергенси од соседен Иран, со што ги задоволува своите енергетски потреби. Иран за турската економија е еден од главните снабдувачи со нафта, како поради близината, така и поради квалитетот на енергенсот и поволните цени.

Портпаролот на турсчкиот челник, Ибрахим Калин, во интервју во вторникот го спомена привремениот период до прекинување на увозото, кој би траел шест месеци, според САД.

„Нема да отстапиме од нашите интереси, бидејќи САД наметнале на оваа или на онаа земја санкции од различни причини. Ќе го процениме периодот од шест месецуи, но нема да ги компромитираме нашите принципи“, рече Калин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.