Турција: Причина за тензиите во земјата се претседателските избори

Претседателот на турскиот Меџлис, Џемил Чичек изјави дека главна причина за незгаснатите тензиите во земјата се претстојните претседателски избори, што треба да се оддржат во август, соопшти телевизискиот канал „НТВ“.

Џемил Чичек потсети, дека претседателските избори во Турција секогаш поминуваат болно , а „стомачните болки почнуваат година, година и половина пред самите избори“. Според него најверојатен кандидат за претседател на сега владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) е Реџеп Таип Ердоган, а за конкретното решение за прашањето на турскиот премиер клучот ќе го имаат добиените гласови на локалните избори на 30 март.

Чичек е загрижен и за темата за новиот турски Устав.